ВИДЕО: Живеел 15 години во Скопје – го оставила жената и 18 години како живее во шума на дрво!


„Љубовта е ропство по сопствена волја“. Овој цитат на португалскиот поет Луиш де Камоиш најдобро го опишува животот на Милије Стојаовиќ (74) од село Дрешнице недалеку од српско Блаце, кој е разочаран поради несреќната љубов пред 18 години ја напуштил цивилизацијата и се преселил во шума. Таму и денес живее во скромна куќа на дрво.

Ако посакате да стигнете до Милије, веднаш да знаете, тоа ќе мора да го направите – пеш! По шумските стази покрај водопадот на Голијска река, се стига до дрвјата во чија крошна се надзира мала куќичка. Во неа старецот со долга брада веќе две децении ги гледа љубовните рани. Милије ја раскажува својата животна приказна:milije zivee na drvo

-Иако сум роден од Дрешнице, речиси 15 години живеев и работев во Скопје. Таму засакав една преубава црнка Паскана Геровска. Таа пред мене имаше две деца, но тоа не ми пречеше и набрзо се земавме. Имавме договор да ми роди само еден наследник – вели старецот и продолжува:

-Но, овој, сета моја љубов беше залудна, бидејќи не можеше да ми возврати. После година дена мојата Пацка ме остави и се разведе од мене. Скршен и разочаран, се вратив од родното село, а таму доживеав поголема болка, бидејќи за кратко време од болест ми умреа братот, сестрата и мајка ми. Останав сам во празна куќа – раскажува Милије.

Семејната трагедија и фактот дека љубовта на својот живот не може да ја преболи го натерале Милије да се оддалечи од луѓето и лекот за душа да го пронајде во буковата шума.

-Се разочарав и во животот и во луѓето и побегнав во шума. Ја направив оваа колиба, имам нешто садови, издлабено стебло за чување храна, и тука сум веќе 18 години. Се што слушам се жуборот на водата и црцорот на птиците и можам да ви кажам дека нема поголема слобода од самотијата. Срцето и понатаму ме боли, мојата љубов веројатно никогаш нема да ја преболам, но овде најдов мир и не сакам никогаш да се вратам помеѓу луѓето. На некој сопствен начин, овде сум среќен – убедува овој старец.

Милије единствен контакт со цивилизацијата има кога оди во Блаце во бибилотека. Сака да чита филозофија и психологија, па мештаните затоа го прозивале Платон од шумата.

-Читам секојдневно веќе 18 години, а најмногу ми лежат Платон и Шопенхауер. Со тоа сум голем вљубеник во руската книжевност, поготово во Толстој и Достоевски, кој имал тежок живот како јас. Многу луѓе мислат дека имаат побогат живот од мене бидејќи живеат во урбана средина, а јас само ќе ги потсетам на еден цитат од Максим Горски: „На празно лице и лузната е украс“. Односно, џабе им е се ако се празни, а мојата душа е и понатаму полна со емоции, иако е скршена од болка- вели овој вечен романтичар.

Како вистински шумски човек, овој старец се храни само со она што го најде во шумата и покрај тоа има исклучително добро здравје.

-Јадам се што ми нуди природата – билки, печурки, полжави, змии, желки, ракови, , но и риба која рачно си ја ловам. Не е тоа ништо претерано вкусно, полжавите на пример се полни со слуз, па може да ти стане тешко, раковите се тврди, а желката мора долго да се вари на оган, но тоа мене ми годи и фала богу што сум здрав, ниеднаш не сум се обратил кај лекар за целото ова време- јасно вели Милије.

Говорејќи за тоа како не му е страв ноќно време да спие во шума, старецот открива една тајна: „Дивите ѕверови никогаш не повредуваат без повод. Тоа на овој свет го прават само луѓето“.

Духовити.ком/Фактор.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1