ВИДЕО: Животот на Путин во 5 минути: Од офицер, до најмоќен во светот!


Патот на Путин, од офицер во КГБ, до најмоќен човек на светот, бил и повеќе од богат и разновиден.

За сите оние кои би сакале да видат како изгледал неговиот животен пат, можат тоа да го погледнат во петминутното видео.

putin0_113996Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (сега Санкт Петербург, Руска Федерација). Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години. Имал 2 брата – и двајцата починале

Дедото на Путин од таткова страна, Спиридон  бил вработен во дачата на Владимир Ленин во Горки како готвач, а по смртта на Ленин продолжил да работи за неговата сопруга Надежда. Тој подоцна работел и за Јосиф Сталин во една од дачите во реонот на Москва, како и во дачата на Московскиот градски комитет на КПСС, каде често пати престојувал и самиот Владимир Путин.

Потеклото на Владимир е опишано како мистерија без евиденција на преживеаните негови предци поради тоа што нема низ историските документи презиме Путин во ниту еден архив. Се смета дека неговото семејство потекнува од Тверското кралско семејство. Во семејната книга на Тверскиот регион се споменува името на Путијанин од каде се смета дека потекнува од аристократско семејство, точно од родот на Големиот принц на Твер, Михаил од средниот век. Низ историјата било вообичаена практика семејните имиња поврзани со поранешни аристократски семејства да бидат скратувани, како на пример Путјанин да постане Путин.

putin-385x630Додека бил на факултет, Путин станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и останал лојален до распаѓањето на сојузот во декември 1991 година. Исто така, на универзитетот се запознал со Анатолиј Собчак кој подоцна одиграл важна улога во неговата кариера. Се приклучил во КГБ во 1975 година. Бил како агент во Германија некое време а подоцна должности му биле следење на странски државјани и на конзуларните функционери во Ленинград.

Во мај 1990 година, Путин бил назначен за советник за меѓународни прашања на тогашниот градоначалник и негов пријател Анатолиј Собчак. На 26 март 1997 година, претседателот Борис Елцин го именувал Путин за заменик-шеф на претседателскиот кабинет, каде на таа позиција останал до мај 1998 година. На 25 јули 1998 година, Елцин го назначил за шеф на ФСБ, каде се задржал до август 1999 година. Тој станал и постојан член на Советот за безбедност на Руската Федерација.

На 9 август 1999 година, Владимир Путин бил назначен за еден од трите заменик-премиери на Русија, а по отпуштањето на Сергеј Степашин, посанува премиер , поставен од страна на Елцин. Елцин исто така ќе изјави дека сака да го види Путин како негов наследник на претседателската функција.

На 31 декември 1999 година, Елцин неочекувано поднел оставка од позицијата претедател на Руската Федерација. Според уставот, Путин станува в.д. претседател.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1