Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, денеска порача дека дека не поднесува кандидатура за градоначалник на локалните избори кои ќе се одржат на 24 март.
Засега во трка за идниот градоначалник е Васил Пишев од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.
„Апсолутно сум свесен што сум сработил, а што не во Струмица, апсолутно сум свесен колку позитивно или не сум влијаел врз животот на граѓаните на Струмица, си ги знам своите добри страни и своите слабости, но најмногу од сè си го знам мојот народ овде во Струмица.
Денесka сум исправен пред вас и целосно решен, не само поради Струмица туку и поради цела Македонија да дејствувам, политички да се борам и да успеам во целта – нормализирање на состојбите во земјава.
Јас денеска не поднесов кандидатура како што не поднесе ни политичката опција на која што ѝ припаѓам“, порача Заев.
Извор – Плус инфо