Видео: Зумба фитнес направи револуција – практикувајте ја за добро здравје и расположение


Од случајно откритие дека светскиот признат режим на вежбање зумба фитнес, е денес најпопуларниот вид на рекреација.

Зумбата ги раздвижува мускулите на телото во голема мера, но, истовремено додека играте, се чувствувате како на забава кај пријател, па, покрај затегнувањето на телото, овој вид на спорт го подигнува и расположението. Токму затоа зумбата е толку популарна, посебно меѓу жените.

Зумбата е т.н. интервален тренинг, т.е. опфаќа наизменични ритмови само во рок од пет минути, како што се салса, валцер, хип-хоп, ча-ча, па дури и стомачен танц. Зумба фитнесот може да трае 30 минути, 45 или час време. Најчесто се користи моделот во траење од час време, а тука се комбинираат и останатите танци како што се танго, калипсо, ламбада, твист и други.

 

-Бројот на тренинзи неделно, зависи од  целта што сакаме да ја постигнеме. Честото тренирање е најважниот фактор во развој на посакуваните резултати, а генерално може да се каже дека од четири до шест тренинзи доведуваат до промена. Ако одлучите да тренирате зумба до три пати неделно, тогаш ги задржувате веќе постигнатите резултати на високо ниво. Промените ќе ги забележите веднаш по првиот тренинг. Ќе се чувствувате подобро, бидејќи комбинацијата од овие ритмови пренесува позитивна енергија и сигурно ќе заборавите на сите проблеми играјќи – кажува инструкторот по зумба, Милорад Тодоровиќ.

Зумбата е наменета за сите, без разлика на пол и годшна возраст.

-Се` позастапена е „зумба тонинг“ – што е комбинација на зумба со тегови; потоа „зумба сентал“- која се вежба со помош на столица; „aqua зумба“- зумба во вода; „голд“ – зумба за стари и деца. – кажува инструкторот Милорад.

-Имаме вежбачи и од 70 години, иако зумбата не е вид на статични вежби. Сите што ќе ги завршат лекарските тестови и се чувствуваат добро, може да посетуваат часови по зумба. За ваков вид на вежбање, не се потребни посебни предиспозиции, зашто дури и оние што немаат осет за ритам, се вклопуваат по третиот или четвртиот тренинг – истакнува Тодоровиќ.

 

За вежбање на зумба, треба да се носи исклучиво памучна гардероба. Важно е облеката да дише, зашто ќе се потите многу, па затоа одличен избор би биле памучни тренерки, маица, чисти и што помеки патики, крпи и шишенце со вода. Ваков вид на вежбање во комбинација со латино танци делува на сите делови на телото: ги зајакнува и обликува нозете, задникот, стомачната мускулатура, рацете , рамената, грбот и градите.

-Целото тело е во движење, бидејќи кореографијата е многу динамична. Тоа се чучњеви, искорачување, мали движења… Овој тип на аеробно вежбање, може да помогне да согорите околу 450 калории за час време, а со малку регулиран начин на исхрана, можете многу брзо да ја доведете својата линија до совршенство. Покрај тоа што зумбата со ерупција на адреналинот согорува калории и ја обновува енергијата, учењето на нови танчарски движења претставува голем предизвик, па оние што еднаш одат на час, остануваат верни на овој вид на рекреација цел живот.

КАКО НАСТАНАЛА ЗУМБАТА

Инструкторот Алберто Бето Перез  пред 20 години заборавил да го понесе своето ЦД за час по аеробик. За среќа, во автомобилот имал неколку со класични латино ритмови – салса, меренге, камбиа, реге, со чија помош успеал одлично да го импровизира часот за вежбање. Кога го видел воодушевувањето на минувачите, сфатил дека комбинацијата од класичните движења за обликување на телото и танчарските латино движења се добитна комбинација за успешно и забавно вежбање.

Перез подоцна развил програма за вежбање по правилата и принципите на тренингот, и започнал револуција во светот на фитнесот, таканаречена зумба.

Погледнете го видеото, и обидете се прво дома ако сакате…

Tags: ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1