Вијагра за жени – со капки во нос до оргазам


Оргазмот и неговото доживување е недостижно за скоро 30% од женската популација, но со новата терапија, које е во фаза на тестирање овој процент би можел доста да се намали.

Аноргазмија, неспособност на жената да доживее оргазам, е еден од најчестите сексуални проблеми кај жените. Иако од ова пати скоро секоја трета жена, во моментов единствени достапни третмани се психотерапија и сексуална терапија. Меѓутоа, научниците од Монаш, Универзитетот во Австралија предводени од проф. Сузан Дејвис, ја тестираат терапијата за аноргазмија која се темели на тестостерон.

“Очекуваме дека терапијата ќе функционира како некоја врста Вијагра за жени. Тоа не е долгорочна врста на терапија. Жените ќе можат да го користат овој пронајдок само кога очекуваат да имаат сексуален однос. И порано докажавме дека кај жените со ниска желба за секс терапијата со тестостерон ја зголемува желбата за секс, ја зголемува возбуденоста кај жената, и ги зголемува шансите таа да доживее оргазам”, изјави Дејвис.

Терапијата би се внесувала во телото во облик на капки за нос, а би почнала да делува 2-3 часа по употребата. Ефикасноста на лекот би почнал да ослабува по 6 часа. Научниците се надеваат дека ќе најдат доволно жени на возраст од 18 до 49 години кои се аноргазмични и желни да учествуваат во тестирањето. Освен во Австралија тестирањето ќе почне да се прави и во САД и Канада

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1