Од сабота попладне до понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои најпрво ќе започнат во јужните делови на Македонија, а до крајот на денот ќе се прошират низ целата земја.
Според УХМР, поинтензивни врнежите ќе бидат во текот на ноќта, како и во недела преку ден. На повеќе места до понеделник наутро се очекува да наврнат 35 литри на метар квадратен дожд.
Врнежи ќе има и во понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет.
Во недела на планините врнежите ќе бидат од снег, а во понеделник висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и до 1000 метри надморска висина.