Викендов изменет сообраќаен режим во Скопје


Посебен режим на сообраќај ќе биде воспоставен утре и задутре во Скопје во периодот од 07:00 до 17:30 часот поради одржување Меѓународен кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“.

– Утре и задутре во периодот од 07:00 до 17:30 часот во организација на „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“ на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар .„Гоце Делчев“ и улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“ во Скопје, соопштуваат од МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1