Викендов ќе може да се подигаат лични документи


Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот.

licna karta350Денеска во целата држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 8 и 30 минути до 16 часот и 30 минути. Граѓаните што ќе аплицираат денеска или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и утре бидејќи на изборниот ден ќе работат сите управни служби од 7 до 19 часот, но само за издавање документи.

Воедно, сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на Избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе може да извадат документи за да им биде овозможено гласањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1