Викендов ќе се открие информација која ќе донесе големи немири, можни и жртви


„Викиликс“ се подготвува да го објави името на земјата што е цел на масовен напад на НСА и покрај предупредувањето дека таквата информација би предизвикала жртви и ескалација на насилствата, пишува во својата анализа хрватскиот веб-портал „Адванс“.

Во „Викиликс“ се бесни поради, како што тврдат, цензурата што почна да се вовлекува во редовите на оние кои би требало да бидат клучни во разоткривањето на тајните шпионски операции што ги спроведува американската НСА. Поточно, им се лутат на американскиот новинар Глен Гринвалд и на весникот „Интерсепт“ за кој пишува Гринвалд.

asanzИмено, Гринвалд поседува огромно количество материјали што му ги достави американскиот „доушник“ Едвард Сноуден, кој сега е во Русија каде што доби азил од прогонот. Предмет на спорот меѓу „Викиликс“, предводен од Џулијан Асанж, кој с` уште е во егзил во еквадорската амбасада во Лондон, и Гринвалд, кој од „Гардијан“ премина во „Интерсепт“, е прашањето за новите разузнавачки информации, дел од документите на Сноуден. Во овој документ се открива масовно шпионирање на НСА во неколку земји. Според деталите, станува збор за можеби најинтензивните напади од НСА воопшто. Овие земји се „голема цел“, но „Интерсепт“ го објави името само на една – Бахамите. Останува тајна која е втората земја, а од „Викликс“ порачуваат дека јавноста има право да ја дознае целата приказна и покрај предупредувањата од владата на САД дека откривањето такви податоци би можело да доведе до зголемено насилство и до потенцијални смртни случаи.

snouden ciaНо, „Викиликс“ не сака ни да чуе за предупредувањата и жестоко го нападна Гринвалд велејќи дека попуштил под цензурата и дека сега тие ќе ја поправат грешката. Тие им дадоа на Гринвалд и на „Интерсепт“ 72 часа (од завчера попладне) да го објават името на втората земја или дека тие ќе го сторат тоа по изминувањето на рокот. Приказната е крајно сериозна зашто податоците откриваат дека НСА во овие две земји ја собира содржината од сите телефонски повици т.е дека станува збор за уште поагресивна шпионажа од онаа откриена досега во операциите на НСА низ светот. Фактот дека Бахамите се една од метите воопшто не изненадува бидејќи земјата е една од т.н. „карипски банкарски центри“ во кои се наоѓаат околу 290 милијарди американски државни обврзници. Властите во Насау бараат одговори поради шпионажата, но на сите им е јасно дека Бахамите тука не се главната вест.

Kоја е втората држава?

Она што сите се прашуваат во моментот е која е втората држава, чие име Гринвалд и „Интерсепт“ одлучија да не го објават поради, како што велат, основана загриженост поради можната ескалација на насилствата.

Останува да причекаме уште 30-ина часа за да видиме дали „Викиликс“ навистина ќе ги оствари заканите и ќе ја објави таа информација.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1