Викендов на Водно трки со автомобили – внимавајте на посебниот режим на сообраќај


На Водно викендов ќе се одржи ридско-брзински натпревар, на кој се најавени 30-тина домашни натпреварувачи.

Организаторите најавуваат враќање на Водно на автомобилистичкиот календар и бодување на трката за македонскиот државен шампионат.

Двете тренинг сесии се предвидени за сабота со почеток во 10 часот, а в недела по 11 часот ќе се возат првата и втората трка.

Македонската јавност во текот на овој викенд, за првпат ќе може да го види новиот автомобил подготвен по ТЦР спецификација со кој Игор Стефановски Иџе настапува во европскиот шампионат. Љубителите, исто така, ќе имаат можност за промотивно возење.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на дел од улицата Тодор Александров и патот кој води до Средно Водно, овој викенд ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“.

За таа цел, дел од улицата, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и патот до Средно Водно ќе бидат затворени за сообраќај во следниве термини:

– 09.06.2018 година од 08 до 16 часот;

– 10.06.2018 година од 08 до 15.30 часот.

Исто така, возилата на автобуските линии кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно 15:30 часот во недела.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1