Ентони Бордејн се самоуби на 61 година


Славниот кувар, телевизиски раскажувач, шармантниот презентер на кујните од целиот свет Ентони Бордејн се самоуби на 61 година, јавуваат медиумите.

Си-Ен-Ен денеска ја потврди смртта на Бордеjн кој водеше емисија на таа телевизија и рече дека причината за смртта е самоубиство.

– Со неизмерна тага може да ја потврдиме смртта на нашиот пријател и колега, Ентони Бордејн – соопшти Си-ен-ен рано утрово. „Неговата љубов кон големата авантура, новите пријатели, добрата храна и пијалак и извонредните приказни од целиот свет го направија уникатен раскажувач. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè восхитуваат и многу ќе ни недостига. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во ова неверојатно тешко време.“

Бордејн бил во Франција каде што работел на претстојната епизода од серијата „Непознати краишта“. Неговиот близок пријател францускиот готвач Ерик Рипер го нашол Бурдејн во неговата хотелска соба утрово.

Преку неговите телевизиски емисии и книги, тој ја истражуваше човечката состојба и ѝ помагаше на публиката да размислува поинаку за храната, патувањето и за самите себе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1