Времето утре во Македонија ќе биде сончево, попладне со локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 12 до минус три, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до девет степени.
До петок времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура и понатаму насекаде ќе биде негативна, а дневната ќе биде во постепен пораст.
Во сабота наутро се уште студено, во текот на денот со зголемена облачност. Во недела наутро со повисоки утрински температури, а преку денот облачно со врнежи од дожд, на планините од снег.