Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од Африканскиот континент во следните денови во нашата земја ќе се задржи многу топло време за овој период од годината, соопшти УХМР.
Според метеолоролзите најтопло ќе биде во недела и во првите два дена од наредната седмица кога максималните дневни температури ќе бидат значително над просечните и ќе достигнат вредности од 25 до 32 степени