Центарот на Скопје затворен за сообраќај


Сообраќајот во центарот на Скопје од 13 часот денеска е затворен превентивно поради најавените протести за вечерва.
Како што соопшти Автомото-сојузот на Македонија, не се пропуштаат возила од крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ со „Кочо Рацин“, се до крстосницата на ул.„Васил Главинов“ со „Даме Груев“. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот по околните улици.
Сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје беше блокиран и од вчера попладне.

sobranie nadvor

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1