ВМРО – НП: Аболираните да добијат забрана за политичка активност 10 години


ВМРО-Народна партија, вели дека за подигнување на етичката свест кај политичарите и нивната искрена посветеност кон државата и граѓаните, предлага, во услови на распуштено Собрание да се направи џентламентски договор помеѓу партиите, аболицијата која подразбира милост од државата и ослободување од кривично гонење, истовремено да значи и забрана за било какво учество во политика во следните 10 години, вели партијата на Љубчо Георгиевски.ljubco-georgievski

„ВМРО-Народна партија анализирајќи ги сите параметри што ги карактеризираат општите состојби во нашата држава, констатира дека Р.Македонија е во длабока криза по сите основи : безбедноста е силно нарушена, економската стабилност е загрозена од внатрешни и надворешни влијанија, владеењето на правото е комлетно суспендирано, меѓупартиските обвинувања се на точка на вриење што лесно можат да ескалираат во граѓанска војна, а меѓуетничките односи се постојана латентна закана. ВМРО-Народна партија најмногу е загрижена од крајно ерозираниот морал и отсуство на минимум етика кај политичарите и партиите, во нивната сурова и безмилосна пресметка против своите неистомисленици“, се вели во партиското соопштение.

Веднаш по конституирање на новото Собрание на Р.Македонија, вели ВМРО – НП, сето ова да се преточи во закон. ВМРО-Народна партија исто така бара, новиот закон да содржи и член со кој аболираните политичари кои се покажале доблесни и не ја прифаќаат добиената аболиција, да им биде овозможено својата невиност да ја докажат низ редовна судска постапка.

„Колку што е тешко одредено лице да се осуди за сторено кривично дело, а потоа да биде опфатено со аболиција, уште потешко е тоа лице да се спречи низ редовна законска можност да ја докаже својата невиност. ВМРО-Народна партија последниве 10 години постојано укажува на несоодветната казнена политика која се граничи дури и со свирепост содржана во скоро сите судски пресуди без оглед дали тоа се однесува на поединци или фирми и на тој начин придонесува за горенаведените состојби во областа на судството. Максимално се залагаме за комплетно преиспитување и ревидирање на казнената политика што се применува кон граѓаните и фирмите во Р.Македонија, во насока на драстично намалување на драконските казни што сега се изрекуваат од судовите во Р.Македонија“, вели ВМРО – НП.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1