Викендов ќе се случи многу редок феномен од една страна на целосно затемнување на Месечината а од друга, на Супер Месечина.
– Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.
Затемнувањето ќе почне в недела вечерта или в понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен.
Феноменот ќе може да се види во Северна и Јужна Америка, на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија.
Другиот дел од Европа ќе има само делумен поглед.
Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за мај 2021 година.