Викендов времето само за под ќебе – дожд, снег и 5 степени


Денес ке биде умерено облачно со сончеви периоди и студено. Ке дува засилен северозападен ветар. Утринската температура од -3°C, а максималната дневна температура ке достигне до 4°C.
Во сабота во Македонија претпладне ке биде умерено облачно, попладне ке биде облачно со врнежи од дожд и со дожд и снег на повисоките места и ридско-планинските предели. Врнежи од снег се очекуваат на местата над 1000 метри надморска висина. Ке дува засилен југозападен ветар, кој наместа ке достигнува брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ке се движат од -6°C до 3°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 1°C односно до 8°C.

Во недела ке биде облачно со врнежи од дожд и снег. Врнежи од снег во пониските предели се очекуваат во доцните попладневни часови. На местата над 500 метри надморска висина, врнежи од снег ке има во текот на целиот ден. Ке дува слаб променлив ветар кој попладне ке премине северозападен а во западните предели ке дува североисточен ветар. Утринските температури од -6°C до 3°C, а максималните дневни температури ке се движат од -1°C до 5°C.

 weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1