Тримесечното бебе од Дојран со видлива аномалија во делот на черепот и со мала глава е донесено на клиниката за детски болести по препорака на педијатар од Струмица. Напарвени се анализи кои покажале дека не станува збор за рутински вируси.
Дететото било родено со аномалија која е најверојатно предизвикана од вирусот ушште во првите 3 месеци од бременоста кога настанува развојниот период на мозокот и на другите органи. Мајката во тој период патувала во Грција. Била касната од комарец што е особено важно во случајов бидејќи токму овие инсекти го пренесуваат вирусот.
Прскањето против комарци е една од мерките кои недамна ги препорача државниот санитарен и здравствен инспекторат Решенија се дотавени до сите општини меѓу кои и до Дојран од каде е мајката. Таму минатата година биле извршени неколку прскања, а за оваа треба да почнат на почетокот на мај.
Резултатите за евентуалното приство на вирусите Зика и ДЕнга се очекуваат за неколку дена. До тогаш се очекуваат одговори на многу прашања. Со оглед на тоа дека бременоста на мајката според нејзино тврдење била редовно следена спорно е како гинеколозите не ја забележале аномалијата кај плодот бидејќи ваквите деформации се видливи на ЕХО. Инаку, вирусот Зика , е појави во мај минатата година во Бразил, но брзо се прошири низ сите делови на аМЕрика . За него за сега нема лек, а инфекцијата предизвикува зголеменат температура , конјуктивитис и главоболки. Најопасен е за бремените жени, бидејќи влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.