Вишни – природен лек за несоницата


visniРечиси секој четврти човек страда од несоница, додека повеќето луѓе редовно спијат помалку од шест часа во текот на ноќта. Меѓутоа, и на несоницата и дојде крајот и тоа во облик на исклучително здравиот сок од вишни. Овој сок во себе ја чува тајната на добриот сон.

Психијатрите тврдат дека доброто дејство на сокот од вишни е последица на високата концентрација на мелатонин, хормон кој го регулира циклусот на спиење и будење.

Доволно е да земете една чаша незасладен сок од вишни пред спиење и мирниот и длабок сон ќе ви биде загарантиран. Сепак, внимавајте да не претерате, затоа што доколку е засладен сокот, може да има контраефект, односно поради шеќерот може да предизвика будност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1