ВИСИНАТА ЈА ОДРЕДУВА ЗАРАБОТКАТА: Дали сте доволно високи да бидете милионер?


Заработката расте за 789 долари на секој 2см висина, судејќи по австралиските истражувања. Според некои истражувачи, се работи за поголема самодоверба на високите.


Најновото австралиско истражување докажало дека поврзаноста помеѓу висината и заработката кај машките. Резултатите покажале дека машките над 182см висина, во просек заработуваат повеќе од своите пониски колеги.

Оние над 182 см, годишно заработуваат 800 – 1.000 $ повеќе од машките што се 5 см пониски.
– Вистина е дека високите луѓе заработуваат повеќе. Тие годишно заработуваат 789 $ повеќе, за секој сантиметар плус од висината на телото – кажува Ариани Кохен, авторка на книгата „The Tall Book“.
Таа тврди дека тие личности не се разликуваат од другите по ништо друго, освен по висината.
– Тие не се ништо подобри, ни поубави и немаат дополнителни вештини со кои би можеле да се пофалат, освен неколку сантиметри повеќе – рекла Кохен.

Некои веруваат дека висината помага во развивањето на самодовербата и дека поради тоа луѓето стануваат поуспешни.
Едно американско истражување од 2006 г. во врска со висината и успехот од зрелата до адолесцентскиот период дошло до заклучок дека заработката на возрасните луѓе, е најмногу поврзана за висината што ја имале на возраст од 16 години, а не за висината која ја имале во зрелиот период.

Кај машките висината влијае на нивното учествување во спортски активности, а тие активности ја зголемуваат самодовербата во младоста и водат кон моќни позиции во зрелиот период.
Се разбира, секогаш има исклучоци, но научниците потенцираат дека споредбата на оваа група на луѓе, кои се слични во секој друг аспект, висината на просечната заработка, секогаш ќе биде поголема во групата на физички повисоките.

Share Button
Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1