Чавез победи – ќе остане на чело на земјата со најмногу нафта, Венецуела


Хуго Чавез уште еднаш победи на претседателските избори во Венецуела и остана лидер на земјата која има најголеми резерви нафта во светот.

Резултатите беа следни – Хуго Чавез 54, Енрике Каприлес Радонски 45 насто од гласовите. На изборите имаше рекордна излезност повеќе од 75 насто од вкупниот број избирачи.

Иако Хуго Чавез повторно е изабран за претседател на Венецуела, неговиот ривал Енрике Каприлес направи нешто што досега не му успеало на ниту еден од неговите претходници – ја направи трката за претседател на Венецуела интересна.

Хуго Чавез (58) е на чело на државата од 1999. година, преживеа обид за државен удар, протести и неколку гласања за неговата администрација.

Во  2006. убедливо ја победи расцепканата опозиција. Овој пат Чавез се соочи со кандидат кој му е озбилен предизвик.

Откако беа објавени првичните резултати Чавез на нацијата и се заблагодари преку неговиот Твитер профил на кои има над 3.5 милиони следбеници.

Енрике Каприлес (40), го подржува коалиција од преку 30 опозициони партии. Каприлес, адвокат и поранешен гувернер на државата Миранда, изјави во кампањата дека сака да ги искористи големите нафтни резерви на Венецуела за да ги плати социјалните програми и субвенции вредни млијарди долари. Венецуела има најголеми, докажани, резерви на нафта во светот, според проценки на ОПЕК нафтата преставува и 90 одсто од девизните приходи.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1