Кој ќе ја добие Нобеловата награда – почна одбројувањето


Денеска почнува објавувањето на имињата на лауреатите на Нобелова награда,  ќе се објават имињата на добитниците на најзначајната светска награда во областа на медицината.

Најмногу шпекулации има за тоа кој ќе ја однесе наградата во областите мир и книжевност.
според обложувалниците најсериозни кандидати за книжевноста се наоѓаат кинескиот писател Мо Јан и Јапонецот Харуки Мураками. Во игра е и писателката на кратки приказни Алис Мунро, писателот од САД Дон ДеЛило и писателот од Сомалија Нурудин Фарах.

Нобеловата награда за мир има неколку кандидати. Познавачите велат, египетската активистка и борец за човекови права Меги Гобран, која сиромашните во Египет ја нарекоа „мајка Тереза“, има најголеми шанси. На листата е и војникот Бредли Менинг, кој му ги даде  американските документи на сајтот „Викиликс“, како и некогашниот претседател на САД Бил Клинтон.

нобеловата награда се доделува секоја година во повеќе дисциплини – во областа на физиката, хемијата, медицината, економијата, книжевноста, мирот. Формирана е по желба на научникот, Алфред Нобел, пронаоѓачот на динамитот. Тој во својот тестамент изразил желбата да се формира Нобелов фонд, од кој ќе се доделуваат награди за најзаслужните за придонес за човештвото.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1