Дебелата потпетица е постабилна…
Тешко е да стоите многу време на тенки потпетици, па затоа бирајте чевли кои имаат блок или барем подебела потпетица.
Платформата ќе ви го олесни животот…
Платформата има ефект како и рамните чевли бидејќи го намалува навалувањето помеѓу петата и врвот на прстите, плус има потпора по целата должина на стапалото. Така нема да ја жртвувате “висината“, а ќе одите и ќе се движите неспоредливо полесно.
Носете чевли кои ги покриваат врвовите на прстите...
Ако сакате елеганти чевли кои имаат отворени прсти и тенки ремчиња, навалувањето кое го создава високата потпетица ќе го турка вашето стапало нанапред што дополнително ќе го отежни вашето одење и стоење.
Инвестирајте во квалитет…
Не штедете на чевли со висока потпетица бидејќи е многу важно навалувањето, материјалите, висината на потпетиците и аглите под кои стои ногата.
Истегнете го стапалото…
Малку вежба и истегнување на стапалото пред да ги облечете обувките со високи потпетици ќе ви го олесни животот.