Овие професии заработуваат најмногу во Македонија


Податоците од Државниот завод за статистика за структурата за заработувачка, покажуваат дека во 2014 најплатени биле државните функционери.

Тие имале просечна заработувачка од 342 денари на час, во октомври 2014 година. Веднаш после нив најплатени биле експертите со  232 денари на час, па научниците и на крајот службениците.broenje denari pari mk

Преработувачите на храна, дрво, текстил и кожа се едни од најмалку платените, со 99 денари на час, додека помошниците за подготовка на храна просечно добиваат по 94 денари на час.

Мината година мажите заработиле повеќе пари од жените. Просечната месечна заработувачка на мажите за октомври 2014 изнесувала 32.869 денари, додека за жените изнесувала 29.979 денари.

Според старосните групи, најплатени се мажите на возраст над 60 години, со 37.425 денари и 35 до 39 години, со просечно 35.311 денари месечно. Кај жените, највисоката просечна месечна заработувачка се забележува кај оние на возраст над 60 години, со 37.561 денар и од 55-59 години, со 31.868 денари месечно.

Кога станува збор за работниот стаж, највисока заработувачка имаат мажите со 5-9 години стаж и жените со 15-19 години стаж, 36.651 денар и 35.866 денари, соодветно.

Просечната заработувачка за скратено работно време, пак, изнесува 11.158 на месечно ниво. Овде, жените имаат повисока просечна заработувачка – 11.360 денари. Мажите просечно заработуваат 10.939 денари месечно за скратено работно време.

FAKTOR.MK

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1