Mистериозна црна актовка оди секаде со американскиот претседател – ЕВЕ ЗОШТО


Црната кожна актовка, наречена „фудбал“(Football) , како референца за американскиот фудбал”, ги содржи најчуваните работи со кои американскиот претседател Барак Обама  може да одобри нуклеарен напад далеку од заповедните центри како што е „ситуациската соба“ во Белата куќа и да оди секаде каде што оди и американскиот претседател, пишува магазинот „Бизнис инсајдер“.Crna aktovka3

Службениот назив „итната торба на претседателот“, оваа актовка со несофистициран изглед ја носи еден од петте воени помошници и секогаш е на дофат на рацете на врховниот командант.

Според Бил Гулеј, поранешен директор на воената канцеларија во Белата куќа, во актовката нема црвено копче за активација на нуклеарното оружје, туку четири различни предмети. Првиот предмет е црна книга со нуклеарни опции од 75 страници, испечатени со црно-црвена боја..

Има уште една црна книга од 10 страници содржи доверливи места на кои што се наоѓаат скривалиштата за претседателот. Покрај тоа, има и книга со упатства за употреба за тоа како да се управува со „Итниот систем на пренос“ (EBS), а торбата содржи и индекс картичка со кодови за автентикација.

Понекогаш може да се види и малечка антена која ѕирка од актовката, што сугерира дека во внатрешноста има и комуникациска опрема. Прекарот на актовката „фудбал“ доаѓа од кодното име “Dropkick” (вид на удар), за тајна нуклеарна војна, открива поранешниот американски министер за одбрана, Роберт МекНамара.

Воените помошници кои ја носат актовката се обучени за само неколку минути да го подготват претседателот за нуклеарен напад. „Бизнис инсајдер“ открива дека додека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон џогирал околу Белата куќа, помошниците трчале зад него со актовката која тежела 20 килограми.

„Смртоносната“ актовка за прв пат влегла во служба на претседателот Кенеди, веднаш по кубанската ракетна криза во 1962 година кога светот беше на работ на нуклеарна војна помеѓу САД и поранешен СССР.

На најдобрите американски известувачи веднаш им станало јасно дека на претседателот му треба неограничен пристап откако Кенеди поставил прашања до Советот за национална безбедност за нуклеарен напад.

Кенеди го интересирало дали ќе мора да ги консултира министреите за одбрана и воените челници ако се одлучи за покренување на нукеларен напад против комунистичкиот блок. Се запрашал што треба да им каже на тие воени челници за да отпочнат нукеларен напад и кому би се обратила личноста која би ги добила неговите упатства.

53 години подоцна, редовно ажурираната актовка претставува неверојатна воена моќ и огромна одговорност која го следи американскиот претседател, заклучува „Бизнис инсајдер“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1