Вистината за Баба Ванѓа: Официјален документ потврдува дека е Македонка (ФОТО)


Дека баба Ванѓа е македонска државјанка потврдува нејзниот бугарски пасош кој е издаден за престојот на Ванѓа во соседна Бугарија, објави порталот Струмицаденес.

Факт е дека Ванѓа е Македонка од нејзиното раѓање. Ванѓа е родена во 1911 година во Струмица (во пасошот е запишан датумот 3 октомври 1911, денот кога е евидентирано нејзиното раѓање). Познатата пророчица е родена под името Евангелија Сурчева, за време на вледеењето на Отоманската империја со Македонија. По нејзиниот татко Панде подоцна го добива презимето Пандева, скратено Ванѓа Пандева.vangja

За време на Балканските војни и по Првата светска војна, во Струмица се менувале многу власти и вршеле асимилирање на населението. Најпрво Бугарија, каде Струмица припаѓа до 1919 година, а потоа Струмица влегува во кралството на СХС, па Грција и Југославија.

Но струмичани отсекогаш се сметале како дел од македонскиот етникум, па така и граѓаните се декларирале како Македонци. Таков е и случајот со Ванѓа, што може да се потврди од нејзиниот пасош.

Ванѓа до 1942 годна живее во Струмица, потоа се мажи за Димитар Гуштеров и се преселува во Петрич, по што го добива презимето Гуштерова. При издавањето на нејзиниот бугарски пасош јасно е наведено дека таа по националност е Македонка.

Tатко и Пандe бил Комита, партизанот Васил Сурчев роден брат

Вангелија била родена во семејството на Панде Сурчев и Параскева како нивно прво чедо. Нејзината мајка починала при раѓањето на второто дете, во 1914 година.

N6gjR_thumb_medium500_293

Ванѓа со сопругот Димитар Гуштеров

Панде Сурчев е роден во Ново Село и таму живее до 1910 година. Панде бил комита и лично ги познавал Делчев, Чернопеев, Сандански. По младотурската револуција 1908 година бил ослободен. Учествувавал и во Првата светска војна. Малку по завршувањето на Првата светска војна, околу 1919 година, нејзиниот татко Панде се оженил по втор пат, за Танка Георгиева, од која имал уште три деца Васил, Томе и Љубка. При раѓањето на четвртото дете, и Танка, втората сопруга, починала, во 1928 година. Панде Сурчев починал на 8 ноември 1940 година, а неговиот гроб се наоѓа на католичките гробишта во Струмица.

otes_Vangi

Панде Сурчев- татко на Ванѓа

Најпознат од браќата на баба Ванѓа бил Васил Сурчев. Васил бил партизан. Бил затекнат во акција на минирање на мост и ликвидиран од фашистите. По ослободувањето неговите коски биле пренесени во денешната Спомен Костурница над Струмица, а една улица го носи неговото име.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1