Вистината за Џамбо: Не ми ставајте сол на раната, не сум ги нашол жената и детето!


Херојот од Обреновац, Слободан Недељковиќ- Џамбо ги негира пишувањата на дел од српските медиуми дека ги пронашол сопругата и синчето. Не сака титула херој, туку само има желба да го пронајде своето семејство. Тој признава дека го погодиле невистинитите пишувања на медиумите.

slobodan-nedeljkovic-dzambo-1400781435-502601-Тоа е лага, се’ што сакам е луѓето да престанат да измислуваат лаги, а весниците да објавуваат, вели Џамбо и додава дека чувствува тага и бес.

Тој додава дека од првиот ден деноноќно спасувал свои сограѓани, а во текот на поплавите му исчезнале сопругата и синот. Вчера се појавија информации дека ги пронашол, но за жал, тоа не се случило.

-Во весниците напишаа дека сум ги пронашол жената и детето и дека сум среќен човек. Тоа не е точно, вели Џамбо за Б92 и додава дека изнесувањето на невистини било ставање сол на раната.

Slobodan-Nedeljkovic-Dzamba-3Џамбо и покрај личната трагедија која ја преживува, не престанува да му помага на народот. Со своите пријатели спасил повеќе од 400 лица, трудници, деца, стари и болни.

Моментално е сместен во прифатилиштето на Белградскиот саем, од каде оди да помага таму каде што е потребно.

Додека им помага на другите, не престанува да се надева дека неговата тажна приказна ќе има среќен крај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1