Вистината за убиството на Аркан: Како и зошто е убиен српскиот командант!


Горан Ускоковиќ Сколе е еден од организаторите на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан по кавгата поради поделбата на парите од трансферот на фудбалерот на Обилиќ, Никола Лазетиќ, пишува српски „Ало!“.

Ова е еден од можните мотиви за убиството на Аркан, бидејќи во игра биле големи пари, а другиот мотив е интерес на некои делови на државната безбедност Аркан да исчезне.arkan

Сколе и Аркан се скарале поради Никола Лазетиќ и неговиот трансфер, кој вредел дури 10 милиони марки. Аркан на Сколе му понудил само милион марки, па Ускоковиќ го нарачал неговото убиство.

– Сколе очекуваше дека парите ќе ги подели пола-пола, но Аркан му рече: „Дали си задоволен со милионот?“, на што тој одговорил дека тоа е во ред, иако бил незадоволен и изнервиран од таа, за него навредлива понуда – рекол еден од пријателите на Сколе за српски „Њузвик“.

Веднаш по состанокот со Аркан, Ускоковиќ му прокоментирал на својот пријател: „Овој сака да ме отстрани. Ќе мораме ние…“arkan-1386806178-411093

Недолго потоа, Аркан е убиен во хотелот „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 години, а Ускоковиќ не го добил ветениот милион. Тој бил убиен од страна на членовите на „земунскиот клан“ неколку месеци по ликвидацијата на Аркан.

Сепак, Сколе негирал дека е во конфликт со Аркан и дека тој го нарачал неговото убиство. Тој рекол дека со Аркан бил добар пријател и дека имале заеднички работи во врска со фудбалот и дека вложувале во добри играчи.

– Никогаш не разменивме грди зборови. Кога беше убиен, и се јавив на Цеца и и изјавив сочувство. Без никаков повод бев означуван какао организатор на тоа убиство и никој во истрагата не ме спомна – рекол тогаш Ускоковиќ.

За злосторството на 9 октомври 2006 година се осудени Добросав Гавриќ како извршител на убиството на 35 години затвор, а како соучесници Милан Ѓуричиќ Мики и Драган Николиќ Гаги на по 30 години. И полициските извори и оние од криминалната сфера наведувале едно име како организатор на убиството – Зоран Ускоковиќ Сколе.

Вдовицата на Аркан, Светлана Цеца Ражнатовиќ рекла дека очекува од државата да го даде завршниот збор за смрттта на нејзиниот сопруг.

– Решив да не коментирам ништо на таа тема. Оставив државата тоа да го решава. Како што и сами гледате и по 15 години работите се сведуваат на рекла-кажала – изјавила Цеца.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1