Џулија ги сече своите донатори со нож и им ја пие крвта. Тие доаѓаат во продавница за бизарни помагала и се согласуваат да и дадат на 45 годишната Џулија да се напие од нивната крв.
А таа потоа. како што вели, се чувствува силна, здрава и млада – пишува Тhe Sun.
Таа тврди дека во светот постои раширена субкултура на крвопијачи за кои малку се знае!
Џулија раскажува како почнала да пие човечка крв. Како тинејџерка, при првиот бакнеж, таа почувствувала малку од крвта на момчето.
Тоа е мојот инстинкт, навистина ми се допадна – вели Џулија, и додава дека тоа момче никогаш не ја бакнало повеќе.
Но, таа не почнала редовно да пие крв се додека не го сретнала екс сопругот Доналд.
На свадбата во 2000 година пиеле крв еден од друг, а потоа посетувале ноќни клубови каде излегуваат фанови на вампирскиот култ и пиеле крв едни од други.
Но кога им се родил синот Алекси, Доналд престанал да пие крв, а Џулија не можела да престане. Таа и покрај тоа е прекрасна мајка – вели Доналд.
Но, страста на Џулија за човечка крв не ги остава децата недопрени.
Алекси, нејзиниот 11 годишен син, гледа по дома сандаци и вампирски кукли и мисли дека мајка му е вампирка.
Џулија има и 24 годишна ќерка Ариел која се грижи дека нејзината мајка ќе добие некаква болест пиејќи човечка крв.
Но Џулија вели дека своите донатори секогаш лично ги запознава и бара потврда дека немаат болест која се пренесува преку крвта.
Очигледно нема намера да престане со својата болна навика!