Еден припадник на специјалната полициска единица за брзи интервенции „Ренеа“ е убиен а двајца се ранети во воружена престерлка во албанско село Лазарат.
Триесет и едногодишниот специјалец Ибрахим Баша бил погоден со снајпер во главата. Повредените специјалци се пренесени во регионалната болница во Ѓирокастро но едниот од нив е во животна опасност, поради што со полициски хеликоптер се очекува да биде транспортиран во Воената болница во Тирана.
Според Полицискиот комесаријат од Ѓирокастро, како што пренесуваат медиумите, групата полициски специјалци била пречекана со рафални истрели, на самиот почеток на акцијата за локализирање и апсење на групата која во текот на ноќта го вознемирувала селото со постојани истрели од оружје.
Според медиумите не се отфрла можноста полициската акција да била пробиена.
Селото Лазарат до точно пред една година беше познато по епитетот фабрика за марихуана, каде се произведуваа над 900 тони марихуна.
Дека се гневни на власта оти им го секна главниот извор на приходи на жителите од ова село потврди и гласањето за локланите иазбори во неделата. Од 2.043 гласачи околу 93,5 отсто гласале за опозицијата.