Чилеанецот Себастијан Рејес (23) е најсреќниот човек на светот. Ова младо момче преживеа пад од 17-ти кат.
Тој ја славел победата на Чиле против Боливија за Копша Америка. Дома стигнал околу шест сабајле, излегол на тераса, пошто изгубил рамнотежа и паднал од 17 кат, но за среќа преживеал и поминал со полесни повреди.
-Само Господ ми го спаси животот, рекол 23-годишниот Чилеанец.
Докторите велат дека падот му го ублажил автомобилот. Тој вели дека од тогаш ништо не се сеќава, освен тоа дека се разбудил во болница.