Состојки:
● 4 јајца
● 100мл вода
● 90гр ореви
● 90гр ленено семе
● 90гр сончогледово семе
● 50гр семе од тиква
● 50гр сусам
● ½ кафена лажичка сода бикарбона
● Сол
Подготовка:
Сомелете ги оревите, лененовото семе, семето од сончоглед, семето од тиква и сусамот. Добро промешајте и додадете сода бикарбона, јајца и вода. Потоа повторно промешајте и додадете малку сол. Смесата префрлете ја во калап за леб. Печете 50 минути во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови.