Влада: Дезинформација за неприсуството на Груевски во Брисел


Владината прес-служба вечерва испрати соопштение како демант на наводите на дел од медиумите дека по барање на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претходно подготвената покана за премиерот Никола Груевски за претстојната средба во Брисел била сменета со покана за претседателот Ѓорге Иванов.junker-gruevski_thumb_medium500_395

– Не навлегувајќи во мотивите и намерата на дел од медиумите да се направи тенденциозна манипулација во јавноста, во интерес на вистината и објективното известување сакаме да информираме дека претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски нема да биде во можност да присуствува на средбата која во недела ја организира претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, од причина што во предвидениот термин премиерот Груевски ќе престојува во претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати каде што ќе има средба со високи претставници од политичкиот и економскиот живот на земјата домаќин, се наведува во соопштението.

На средбата со Јункер, се додава, по претходен договор меѓу македонските институции, ќе присуствува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

– Ги демантираме дезинформациите и неточните наводи на ТВ Телма, која спротивно на новинарските стандарди не побара став од македонската Влада за нивната објавена дезинформација, дека неприсуството на премиерот Груевски на средбата со Јункер е од други причини кои се различни од претходно наведената, а тоа е претходно договорената посета на македонскиот премиер на Обединетите Арапски Емирати, се наведува во соопштението.

Дополнителен демант за неточната и невистинита теза објавена на ТВ Телма, додаваат од владината прес-служба, е фактот што денеска и утре премиерот Груевски присуствува и учествува во работата на Конгресот на Европската народна партија од позиција на која на истиот конгрес присуствуваат германската канцеларка Меркел, шпанскиот премиер Рахој, унгарскиот премиер Орбан, ирскиот премиер Кени, летонската премиерка Страујума и други европски лидери, а на кој конгрес присуствува и учествува во работата и претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1