Владата ќе одвои 6 милиони денари финансиска помош за Албанија по земјотресите


Владата на Република Македонија на својата денешна седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија, соопштува владината прес служба.

Од влада наведуваат дека како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја.

Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1