Владата ќе го решава проблемот со бездомните кучиња


Владата на 101-вата седница иницираше измени на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е задолжено заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со ЗЕЛС, како и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени за да се надмине проблемот со бездомните кучиња, соопшти прес службата на Владата.

Интервенцијата доаѓа по вчерашниот несреќен случај во Гостивар, кога девојка бегајќи од куче упадна во Вардар, по што се удави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1