Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места. Централниот одбор на СДСМ, вечерва на лидерот и новиот македонски мандатар му даде „зелено“ светло до Собранието да ги предложи следните министри, меѓу нив се:
– Радмила Шеќеринска за министер за одбрана, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски министер за финансии, Никола Димитров министер за надворешни, Рената Десковска министер за образование, Љупчо Николовски министер за земјоделство, Мила Царовска министер труд и социјала, Роберт Алаѓозовски министер за култура, Дамјан Манчевски министер за информатичко општество и администрација, а Горан Сугаревски министер за транспорт и врски – изјави Заев.
Министри без ресор се Кочо Анѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зорица Апостоловска и Зоран Шапуриќ.
Радмила Шекеринска ќе биде новата министерка за одбрана на Република Македонија. Пратеничка во повеќе мандати, висока функционерка на СДСМ и вицепремиерка во време на тројца премиери, Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски.
Таа беше прв човек на СДСМ од 2006 до 2008 година. Електроинженер, магистрира на школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година.
Бујар Османи ќе ги предводи евроинтеграциите.
Бил асистент по предметот хирургија при Медицинскиот факултет-Скопје и специјализација по општа хирургија до министер за здравство во владата на ВМРО -ДПМНЕ.
Никола Димитров, од преговарач за името во времето на премиерскиот мандат на Бранко Црвенковски во спорот со Грција и советник за национална безбедност на Никола Груевски, до кандидат за министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев.
Кариерата ја почна во Министерството за надворешни работи во 1996 година, каде одреден период беше и заменик мкинистер. амбасадор во Вашингтон.
Економскиот тим на новата Влада ќе го сочинуваат
Драган Тевдовски, министер за финансии, доктор по економски науки и предава квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје. Магистрирал со просек 10,00 на Економскиот факултет во Белград. Неколку години подоцна заминува на постдокторски студиски престој во истражувачкиот центар CREATES, при Универзитетот во Архус, Данска, во областа на економетријата.
Крешник Бекташи ќе го раководи Министерството за економија. Тој од јули 2016 година е економски промотор на земјава во Швајцарија. Има Завршено на Шефилд универзитетот и е магистер по менаџмент и стратегија.
Кочо Анѓушев ќе биде вицепремиер задолжен за економски прашања. македонски бизнисмен и претприемач, основач и главен извршен директор на компаниите „Фероинвест“ и EДС (Енерџи диливери систем), претседател на бордот на директори на „Брако“ и редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Потекнува од Велес, каде завршил средно училиште, а од 1988 до 1992 година студирал на Машинскиот факултет во Скопје. На истиот факултет посетувал постдипломски студии, станал магистер, а потоа и доктор на технички науки. Во 2014 година, на листата на „Форбс“ на петте најбогати Македонци за 2013 година се најде и Кочо Анѓушев.
Во економскиот дел влегуваат уште и Горан Сугаревски кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски. магистер на меѓународната политика и дипломатија при Универзитетот ФОН во Скопје, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје.
Министерството за земјоделство во новата Влада ќе го раководи Љупчо Николовски, беше заменик во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Преодната влада. дипломиран правник, вработен во Друштвото за деловен и менаџмент консталтинг. Тој е член на Централниот одбор на СДСМ.
Садула Дураку ќе раководи со Министерството за животна средина. Дураку е од Липково каде што е и градоначалник.Тој дипломирал на Машинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, беше министер за земјоделство во владата на СДСМ, за време на Владо Бучковски. Работел и во Царинската управа кадешто ја вршел функцијата заменик-директор.
Дамјан Манчевски ќе застане на чело на Министерството за администрација и информатичко општество. Манчевски е пратеник и потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје. Во 2015 година е избран за шеф на Изборниот штаб на СДСМ за изборите во 2016 година. Дипломира 2005 година на Електротехничкиот факултет Бил извршен директор на ЕММЕТРОН ДООЕЛ Скопје во периодот од 2006 до 2007 и од 2009 до 2013 година.
Мила Царевска која ќе раководи со Министерството за турд и социјална политика. Царовска е претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и е долгогодишен активист во невладиниот сектор.
Заев очекува до среда навечер ќе биде изгласана новата влада и рече дека прво на дневен ред ќе биде укинување на екстерното тестирање, а подготвени околу 30 закони од повеќе области кои ќе бидат приоритет на новата влада.