Владата обезбеди 150.000 евра за реставрација на гробното место на Тоше


На Фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев, е објавено дека Владата на Р. Македонија преку проект обезбедила 150.000 евра за реставрација на гробното место на Тоше Проески.

Владата преку проект обезбеди 150.000 евра за реставрација на гробното место на нашата музичка икона Тоше Проески. Ова е најмалку што можеме ние како држава да направиме за човекот кој беше музички амбасадор на Македонија низ Светот. Со дополнителни средства ќе обезбедиме ФИС Ролер ски клуб „Тоше Проески“ да прерасне во традиција и обележје на Крушево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1