Рекреативниот центар Треска преминува во сопственост на општината Сарај, одлучи Владата. Езерото Треска кое е изградено во 1978 година, а комплексот зафаќа површина од 45.000 квадратни метри, дел како зелена површина, дел за езерото, објави Алсат.
Рекреативниот центар е затворен во 1989 година, а со неговото реактивирање се очекува да се вработат најмалку 110 лица.
„Истовремено на истата седница, Владата на Република Македонија ја обврза општина Сарај да подготви детален урбанистички план за овој центар и препорача да започне постапка за добивање дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за управување со водите, односно за управување со езерото“, рече Мухамет Хоџа, портпарол на владата, јавува Алсат.