По барање на бизнис заедницата, Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Се очекува утре на собраниска комисија, Министерството за финансии да го соопшти ставот на Владата и да предложи амандмани на Законот со кои ќе се укине задолжителната задолжница, објави МРТ.
Стопанските комори од Владата побараа задолжницата да не биде задолжителна обврска за фирмите, туку да се издава само на доброволна основа, а Министерството за финансии да ја стопира примената на Законот за задолжница која требаше да стартува од први април.
Задолжницата за првпат беше воведена пред две години на барање на стопанствениците. За нив задолжницата останува добар начин на наплата, само ако се применува на доброволна, а не на задолжителна основа, сѐ со цел да не се изложат фирмите на дополнителни трошоци.