Претстои многу студено време со голомразица


Ќе следи период на екстремно студено време. Минималната температура ќе падне до минус 15, а максималната нема да ја надмине нулата, информираат од УХМР. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и појава на голомразица. Без шал, капа и ракавици во никој случај да не се излегува надвор.
temperatura ladno
Времето во Македонија ќе биде многу студено со умерен до засилен северен ветер, а ќе има и појава на голомразица. Во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од снег со слаб интензитет, а во западните и јужните делови само повремено со умерен интензитет
Студено време со температура 10 степени под нулата, не очекува и во наредните денови. За време на новогодишната ноќ ќе биде суво, без снежни врнежи.
Инаку, најмногу снег има наврнато во Маврово, дури 70 сантиметри. Потоа во Пожаране над 50 сантиметри, во Крушево 45, во Скопје 16, а во Битола најмалку – само седум сантиметри снег. Во југоисточните делови на Македонија внрнеше само дожд, каде наврнаа до 16 литри на квадратен метар.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1