Владата одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни бленси за нов пакет за рестриктивни мерки и препораки за периодот од 18 декември во 20 јануари на полноќ, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.
-Со цел да се избегне зголемувањето на бројот на новозаразени до ковид-19, мерките се однесуваат на органичување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор- рече Заев.
Владата донесе одлука угостителските објекти да рбаотат до 18 часот, наместо до 21, како досега, рече премиерот.
-Целта на оваа мерка е да издржиме сите уште малку пред ваквите рестрикции и да не дозволиме заради празнување да предизвикаме ексалација. Мерката носи име „Празнувај одговорно“- рече Заев.