Американски „Ју-ес Викли“ објави текст за шпекулациите дека Венди Денг, поранешната сопруга на милијардерот Руперт Мардок, е во тајна врска со рускиот претседател Владимир Путин.
Се уште нема никакви потврди за овој вид на гласини, иако Денг е фотографирана на јахтата на пријател на Роман Абрамовиќ, кој исто така е близок со Путин.
Треба да се зеде предвид дека денес е 1 април, денот на шегата, па иако веста е објавена на 31 март може да станува збор за шега.
Денг порано била доведувана во врска со други светски моќници, меѓу кои и тони Блер и Ерик Шмит, челник на компанијата „Алфабет“.