Властимир е 7-ма жртва на нишкиот „автобус на смртта“


Шеесет и пет годишниот Властимир Ѓорѓевиќ е седмата жртва на страшната несреќа која се случи на 21. декември кај Ниш откако автобус удри во воз.

Неговиот кум Жарко Рајковиќ има само пофални збориви за Ѓорѓевиќ, кој имал скршеници на карлицата и ребрата. Вчера утрината починал поради срцев напад.

-Тоа утро тргнал да плати струја како и секој чесен човек. Трагедијата однесе со себе еден допбар и прекрасен човек – раскажал неговиот кум за спрските медиуми.

После повеќедневна борба лекарите специјалист на интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија велат дека дошло до влошување на здравствената состојба на пациентот.

Милан Здравковиќ, возачот на автобусот на „Ниш експрес“ кој е еден од можните виновници за големата сообраќајна несреќа, тврди дека застанал на знакот „Стоп“, но дека поради големата магла не го видел возот.

Во оваа трагедија загинаа 7 луѓе, од кои 2 деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1