Влетал со својот џип на бензинска пумпа во Кисела вода – маж итно пренесен на клиника


Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во скопската населба Кисела вода. Според информациите на МВР, во 23,12 часот во Скопје, на улица „Христо Татарчев“ кај бензиската пумпа на „Макпетрол”, патничко моторно возило „Џип Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ј.С.(41) удрил во вработен на бензиската пумпа В.С.(57) од Скопје.

Во незгодата, В.С. се задобил со тешки телесни повреди – фрактура на левата нога, и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1