Вљубените се во Венеција, во понеделник свадба – Клуни забранил мобилни телефони (Видео)


Џорџ Клуни и неговата идна сопруга Амал Аламудин им забраниле на гостите на нивната свадба да користат мобилни телефони.

Двојката им порачала на сите поканети да ги остават своите мобилни телефони пред да дојдат на нивната свадба, во обид да се спречи објавата на какви било информации околу најдолго чеканата свадба, пишува британскиот весник “Телеграф”.kluni33

Младенците им објасниле на блиските, дека не сакаат да гледаат свои фотографии во печатот. Официјални фотографии од настанот ќе излезат само во американското издание на магазинот “Vogue”, што ги откупи правата врз нив.

kluni2Тридневната спектакуларна прослава започнува вечерва. Меѓу гостите се Бред Пит, Анџелина Џоли, Сандра Булок и Мет Дејмон, кои ќе бидат во хотелот “Кипријан” на островот Џудека, каде што се очекува да вечераат со младоженците вечерва.

Градските власти на Венеција вчера наредија в понеделник да биде затворена патеката пред живописниот Канал Гранде, за да се спречат толпите луѓе да се доближат до местото на венчавката на Џорџ Клуни со активистката за човекови права Амал Аламудин.

Со градската наредба, в понеделник, најмалку два часа ќе бидат зат­во­ре­ни пешачките патеки до улиците кои водат до палатата Кавали од 16 век, по­ра­ди венчавката на Џорџ Клуни. Наредбата е првиот официјален доказ за точното време на одржување на свечениот чин.clooney_3021347b

Па­ла­та­та Кавали од ренесансниот период се користи како локација за вен­чав­ки и нуди соби со поглед на Канал Гранде и на познатиот мост Ри­ал­то. Нај­воз­буд­лив начин да се пристапи до палатата е со гондола, стои на веб стра­ни­ца­та на градот.
Клу­ни има негова вила покрај езеро во северна Италија и често ја по­се­ту­ва Венеција, најчесто за премиери на филмови на Филмскиот фестивал во гра­дот.

Клу­ни (53) и Аламудин (36), Британка родена во Бејрут која живее и ра­бо­ти во Лондон, минатиот месец поднесоа барање во Велика Британија да се вен­ча­ат во странство, односно во Италија. Ова е втор брак за Клуни и прв за Аламудин.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1