ВМРО-ДПМНЕ ги промовираше кандидатите за пратеници – Заев нека носиразузнавачи и шпиони, ние ќе носиме нови инвестиции


Пренезитрани пратеничките листи на најгоелмата предизборна коалиција во македонската политичка историја. Пред членството и граѓаните, партискиот лидер Груевски рече дека сега му е мајката да се стави крај на деструкцијата на Заев и СДСМ.

Носителите на кандидатските листи во останатите изборни единици побараа поддршка од граѓаните за победа со 63 пратенициvmro-nositeli-izbori

И на овие избори ВМРО-ДПМНЕ влегува со проверен кадар иако на листите може да се забележат бројни освежувања, но и кадри од основачите на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ е тука за да победи и за да има апсолутно мнозинство во македонското Собрание. Сакаме стабилна држава, држава која ќе напредува и тука не сме за да отвараме нови политички кризи, ние сме тука за да победиме и да отвараме нови работни места, да донесеме нови странски инвестиции. Господинот Заев нека носи нови разузнавачи и нови шпиуни, ние ќе носиме нови инвестиции, изјави Антонио Милошоски, носителот на канидатската листа во петата изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски најави подобрување на успехот и подобар изборен резултат од претходните парламентарни избори

– Ќе го повториме и ќе го подобриме изборниот резултат од 2014 години затоа што направивме добри работи. За десет години успеавме да отвориме 15 илјади нови работни места во петата изборна единица и во следните години ќе го правиме истото.

Гласајќи за кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласате за луѓе кои веруваат својот народ и гласате за пратеници кои никогаш не го изневериле интересот на својот народ.

– Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за зачленување во ЕУ и НАТО но достоинствено и со крената глава а не понижувачки и со свиткана кичма. Истовремено тоа е глас за добри односи со нашиот стратешки партнер САД на чело со нивниот претседател Доналд Трамп.

Милошевски истакна дека имаат работа со политички опоненти кои постојано ги продавале националните интереси.

– Имаме работа со политички опоненти кои продадоа многу национални интереси само за да останат на власт. Сега нема што да продаваат немаат економска програма ниту план, и затоа сега се решени да го продадат јазикот да ја продадат и унитарноста само за да дојдат на власт. На 11 декември ќе имаме победа на оние кои се грижат за интересите на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1