Граѓаните ја донесоа одлуката која сметаа дека е најдобра. Може да се каже дека има огромна разлика меѓу Иванов и Пендаровски, изјави Влатко Ѓорчев на прес конференцијата во аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ.
-Победи ВМРО ДПМНЕ и Ѓорге Иванов. Овие бројки и тенденциите што ги имаме најавуваат убедлива победа поголема од таа што ја очекувавме, додаде Ѓорчев.
Иванов има 381.000 гласови, а само 273.000 Стево Пендаровски по 79 отсто изборени гласови- рече Ѓорчев.