ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собрание


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат ниту на утрешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која ќе се расправа за Законот за јазиците, за кој партијата има поднесено осумдесетина амандмани.

„Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во овој момент, кога 12 отсто од нашата пратеничка група, односно шест пратеници, се во притвор, нема услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот“, изјави пратеникот Горан Манојлоски.

Тој информира дека имале средба со политичкиот претставник за правни работи на ОБСЕ, Џеф Били, кој го запознале со „кршењето на човековите права на сите лица засегнати и обвинети околу настаните на 27 април“.

Ставовите на партијата за ситуацијата во земјата по масовните апсења и приведувањето на шест нејзини пратеници ги пренесе и претседателот во оставка Никола Груевски на денешната средба со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад.

Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1, пак, денеска ги одби жалбите за притворот на пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски. Првиот е во домашен притвор, а вториот во истражниот затвор во Шутка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1