ВМРО – ДПМНЕ поднесе кривични за договорот за името


Од Собранието Договорот за името се сели во Основното јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против премиерот Заев, министерот Димитров, спикерот Џафери и сите пратеници од парламентарното мнозинство кои по втор пат го ратификуваа договорот.

Во исто време, премиерот Заев и пратениците од власта го повикаат претседателот Иванов да го потпише указот. Во спротивно се закануват со кривична пријава против шефот на државата.

Ѓорге Иванов е ДОЛЖЕН, ПОВТОРУВАМ Е ДОЛЖЕН да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција. Никој не е над уставот и законите. Никој нема право да ја кочи македонската иднина! Во спротивно Иванов ќе направи кривично дело, постапува надвор од неговите надлежности и директно се меша во законодавната власт, односно во работата на Собранието како законодавна власт, вели Костадин Костадинов од СДСМ.

До пратениците од владејачката коалиција утрово пристигнало и заканувачко писмо потпишано од Здружение за борба за еманципација и права на жени. Пратеничката Туфегџиќ вели: вакави закани нема да не исплашат.

Пред помалку од еден месец, ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против спикерот Џафери и за како што велат неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците.

Од Јавното обвинителство велат дека надлежен обвинител веќе ги проверува наводите изнесени во кривичната пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1