ВМРО-ДПМНЕ го осудува настанот на кој новинарот Борјан Јовановски е изложен. Вакви настани за ВМРО-ДПМНЕ се целосно неприфатливи и штетни, како лично за новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, така и за целокупната атмосфера во државата, се вели во соопштението од владејачката партија.
-Во последните месеци видовме повеќе настани во кои новинари беа изложени на местенки, смени од позиции во нивните медиуми, забрани на емисии, физички напади и навреди. Сето тоа штети на новинарството, но и на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ повикува институциите многу одговорно да ги истражат овие настани за да не се дозволи било какви обиди на местенки и манипулации со чувствата на јавноста.